Љубов и секс

Постара жена со помлад маж: табу или нормална појава?







Сè почесто славните дами завршуваат во врска со значително помлади мажи. Ваквите приказни некогаш предизвикуваа чудење, а денес во светот се сосема нормална појава. Често се прашуваме дали врската меѓу постара жена и помлад маж може да биде успешна?

postara-zena-so-pomlad-maz-tabu-ili-normalna-pojava-1

Жените на денешницата имаат расчистено со предрасудите по ова прашање. Како еманципирани, вработени и пред се самоуварени жени, знаат дека младите мажи можат да им исполнат се што ќе посакаат.

Кај нас, се уште постојат предрасуди на оваа тема и често ќе чуете коментари од типот: „Може мајка да ти биде“ или „никогаш нема да можете да имате деца“.

Се препорачува разликата во врската да не е поголема од 15 години затоа што со себе си носи и несогласувања во животните навики и интереси на партнерите.

Сузан Винтер и Фелисија Бринг, автори на книгата „Постари жени, помлади мажи: Нови можности за љубов и романтика“ во истражувањето кое го примениле на повеќе од 200 двојки, дошле до заеднички заклучок дека предрасудите не се вистинити.

Помлади жени – не наишле на ниту еден случај каде постара жена била оставена заради помлада од неа

Тоа не може да потрае – Просечната должина на врските од овој тип изнесува околу 13 години, а некои парови траат и до 25

Им треба мајка – мажите се во главно во врска со постара жена затоа што ги привлекува нејзината сигурност во себе и затоа што таа добро знае што сака. А тоа е најважно – да знаете кој сте и што сакате.

Сте се нашле до сега во ваква врска? Би си ја пробале среќата?

5 начини на кои есента делува на вашиот сексуален живот5 начини на кои есента делува на вашиот сексуален …
Дали некогаш сте се запрашале како годишните времи…
Идеалниот секс трае 23 минути!Идеалниот секс трае 23 минути!…
Идеалниот секс трае 23 минути, се одвива со запале…
Сите тајни за пенисот кои не сте ги знаелеСите тајни за пенисот кои не сте ги знаеле…
Можеби мислите дека знаете сè за вашата машкост, н…


Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button