ПРЕДНОСТ: Преку груб секс до подобра врска
(Фото: Foter) Грубиот секс има поголема предност, покажуваат резултатите од едно истражување според чии резултати тој ја зголемува меѓусебната доверба помеѓу партнерите.
Испитаниците, кои практикуваат таков вид на секс, се изјасниле дека имаат поголем степен на благосостојба во врската и чувствуваат поголема сигурност за време на сексот. И кога велиме груб секс, не мислиме на нешто навистина болно.
– Ако сакате да пробате таков вид на секс морате најпрво да ги поставите правилата и границите со партнерот. Исто така немојте да мислите дека нешто мора да направите само затоа што вашиот партнер тоа го бара од вас – објаснува секс терапевтот Исак Мек Кими.
Секогаш водете сметка за вашиот партнер и тоа дали тој ужива во тоа. Тоа се гледа веднаш. Всушност, грубиот секс не мора да значи и дека мора да боли. Започнете со врзување на очите, лисици и потоа полека „играјте си“ во спалната соба, советува Исак.
(Телеграф.мк)



