Љубов и секс

Како алкохолот влијае на сексуалниот живот?

Иако некогаш се чини дека после чаша алкохол имаме подобар секс, еве како тој всушност влијае на организмот.

Дали вашиот омилен пијалак ви оневозможува да доживеете оргазам? Коктел или чаша вино може да ви помогне да се опуштите, и дури и да се почувствувате попривлечно. Но дали навистина помага во тоа да имате подобар секс?


Иако се чини дека алкохолот ни помага, еве како тој влијае на нашиот организам.


Го депримира централниот нервен систем


Може да се каже дека алкохолот кочи поедини делови на централниот нервен систем кои се битни за сексуалното возбудување и оргазмот – дишење, циркулација и чувствителност на нервните завршетоци.


Го дехидрира телото


За сексуално вобудување е неопходно одредено ниво на крв која носи кислород и ја засилува чувствителноста на гениталиите. Овој процес е поврзан со ерекцијата кај мажите и лубрикацијата кај жените. Кога количината на течности во телото е мала и со депримиран нервен систем, телото само го забавува сексуалното возбудување и оргазмот. Меѓутоа, не се сите ефекти на алкохолот на сексот негативни.


Алкохолот е афродизијак?


Алкохолот секако има репутација на добар афродизијак. Дали е навистина така? Една или две пијачки (во зависност од тежината и некои други фактори) може да помогнат лицата да преминат некои одредени кочници кои сами на себе си ги поставиле и така полесно да се впуштат во секс.


Помалку ерекции


Поголемата количина на алкохол може да доведе до проблем со ерекцијата бидејќи дехидратацијата до која се доаѓа после голема количина на алкохол во телото не само што ја смалува количината на крв, туку и го подига ангиотензинот, хормон поврзан со еректилната дисфункција.


Одложена ејакулација


Истражување извршено во 2004 година покажало дека 11 посто од лицата кои конзумираат алкохол имаат проблем со доживувањето на оргазам. Мажите имаат проблем со ејакулацијата, додека на жените им треба многу повеќе стимулација за да доживеат оргазам.


Сува вагина


Алкохолот можеби го освежува социјалниот живот, но не прави ништо добро кога е во прашање влажноста на вагината. Дехидрацијата која е поврзана со конзумирање на алкохол доведува до умор, главоболка, но и сува вагина.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button