Љубов и секс

Кои мажи не се добар „материјал“ за брак?

Резултатите од најновото истражување спроведено од тим научници од универзитетот во Сингапур, покажуваат дека мажите со широк облик на лицето не се добар „материјал“ за долги врски и брак. Научниците објаснуваат дека тие се пожелни за кратки и страсни љубовни афери.

Обликот на лицето го открива потенцијалот на мажот, односно открива дали станува збор за маж способен за долгорочна врска или кратка афера. Мажите со широк облик на лицето, освен што им се многу привлечни на жените, тие често се моќни и богати личности, но и поагресивни.

Овие карактеристики им се привлечни на плодните жени кои сакаат силни и доминантни мажи. Но, истражувањето покажало дека жените сепак не го сакаат овој тип на мажи за подолгорочни патеки, односно за врска или брак, бидејќи на некој начин знаат дека се склони кон игри и измами, пишува Daily Mail.

„Овие мажи навистина им се привлечни на жените, но не се материјал за брак, туку за кратки жешки авантури“, велат Кетрин Валентајн и Норман Ли, научници кои работеле на истражувањето.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button