Љубов и секс

Дали ги знаевте овие работи за клиторисот?

Клиторисот е патот до сексуалното задоволство на жената. Сепак, не може да се каже дека луѓето се нешто премногу информирани за овој дел од женското тело. Еве неколку факти кои треба да ги знаете.

– Клиторисот е единствениот дел од човечкото тело чија единствена задача е сексуалното задоволство. Тој има една единствена задача – да ја пренесе возбудата.

– Во клиторисот се наоѓаат преку осум илјади нервни завршетоци, повеќе од било кој дел од човечкото тело споредено и кај мажите и кај жените. Машкиот пенис на пример има околу четири илјади нервни завршетоци.

– Кога ќе се спомене поимот клиторис, најчесто се мисли на главата на клиторисот. Но, тој во целост е комплексна структура која се протега низ женските гениталии. Она што го гледате надворешно е само една четвртина од неговата големина.

– На повеќе од 50% од жените потребна им е стимулација на клиторисот за да доживеат оргазам. Заради одалеченоста помеѓу врвот на клиторисот и вагиналниот отвор, оргазам не може да се доживее единствено со пенетрација.

– Клиторисот има кожичка и главичка исто како машкиот пенис и исто како машкиот полов орган, клиторисот се полни со крв и се зголемува за време на сексуалната возбуда.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button