Фитнес

Женска трка за подобро здравје (фото + видео)

“Превенцијата од заболувањата започнете ја со вежбање” беше мотото на женската трка која се случуваше вчера во градскиот парк Скопје како дел од промотивните трки на Скопскиот маратон 2013. Околу 400 жени од повеќе возрасти трчаа со апел дека никогаш не е доцна да се започне со рекреативно трчање и вежбање за подобро здравје на жената.

Во неделата во градскиот парк Скопје се случи настанот Женска Трка, на кој околу 400 жени трчаа во градскиот парк под мотото “Превенцијата од заболувањата започнете ја со вежбање“.

Подржувачи и промотори на трката беа Весна Кираџиева, актуелна рекордерка на Македонија во полумаратон, Искра Јовановска која преку социјалните мрежи ја формираше групата за рекреативно трчање “Трчаме Заедно”, како и пејачката Викторија Лоба, која редовно практикува рекреативното трчање.

Во насока на здравиот живот со вежбање, сите учесници и организатори на Женската трка имаа можност да се хидрираат и да ги надополнат изгубените количества на течности со Горска Спорт, вода која содржи Л-карнитин.

Трката беше дел од промотивните трки за Скопскиот Маратон, а целта беше да се подигне свеста кај жените за физичката активноста и вежбањето како императив за подобро здравје. Големиот број на учеснички покажа дека настани од ваков тип му се потребни на Скопје, па се надеваме дека женската трка ќе стане традиција.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button