Како пливањето ни влијае на здравјето?
Омилената летна активност, пливањето, вооедно е и една од најздравите. Веројатно сите одвај го чекате годишниот одмор, а летото, морето и сонцето ги поврзувате со одмарање, не заборавајте дека активен одмор секогаш е подобро решение од пасивниот. Пливањето како рекреација, позитивно влијае на телото и ги јакне мускулите.

Пливањето помага при регулирање на крвниот притисок, бронхитисот и астмата, како и кај болките во грбот.
Покрај тоа, овој вид рекреација е заслужен и за витката линија бидејќи е одличен начин за губење на килограмите.
Имено, во текот на пливањето телото ја губи тежината, а притоа нема оптеретување на зглобовите и организмот троши голема количина на енергија.
Истражувањата покажуваат дека пливањето со лесен интензитет (четири до пет пати неделно по 30 минути или три пати неделно по 20 минути) позитивно влијае на високиот крвен притисок.
Исто така, свежиот воздух над површината на водата кој пливачите го вдишуваат му годи на респираторниот систем. Со оглед на тоа дека повеќето работи денес бараа скоро осум часовно седење пред компјутер, што неповолно делува на ’рбетниот столб, грбното пливање е особено корисно за болките во грбот.

