Како да се изборите со хроничниот замор
Секој петти човек признава дека е константно заморен, додека секој десетти во текот на целиот живот има проблем со хроничниот замор, покажала студијата на британскиот Национален завод за здравство. Доколку забележите дека заморот не ве напушта, наспроти квалитетниот сон, променете ги секојдневните навики, советуваат стручњаците.

Недостатокот на течност во телото предизвикува пад на крвиот притисок, а со самото тоа се забавува протокот на кислород во мозокот, поради што се чувствуваме заморени. Токму поради тоа се препорачува шест до осум часа вода, чај и кафе на ден. Кофеинот го покачува крвниот притисок и не држи будни, но не треба да се претерува со нив.
Исто како недостатокот на течност и недостатокот на магнезиум во организмот го предизвикува заморот. Имено, магнезиумот е задолжен за здравјето на мускулите, одржувањето на нивото на глукоза во телото и за концентрација. Препорачана дневна доза на магнезиум е помеѓу 200 и 400 грама, а одличен извор на овој минерал се зелените зеленчуци и јаткастите плодови.
За телото да има доволно енергија неопходен му е витамин Б, кој се наоѓа во пилешкото, јајцата и сирењето. Попладневната дремка исто так поволно влијае на организмот. Имено, околу 30 минути длабок сон ќе ви ја врати потребната енергија.
Брзо решение за ослободување од заморот е ментолот, а помага и чоколадото. Се препорачува конзумирање на чоколадо со што поголемо количество какао.