Совети за слабеење од фитнес тренерот Џо Викс | ЗаЗабава
Џо Викс има 29 години и е фитнес тренер и нутриционист кого го обожаваат Џон Тери и Ели Голдинг, а благодарение на своите совети за слабеење, стана ѕвезда на Инстаграм.
Го викаат “The Body Coach” бидејќи тврди дека ако се придружувате до неговите совети, за 90 дена ќе бидете во топ форма. За да го постигнете тоа, потребна е избалансирана исхрана и тренинзи со висок интензитет во траење од 15 минути.

Тој на својот Инстаграм профил често предлага здрави јадења кои се подготвуваат брзо, кои како што вели, се идеални за оние кои имаат многу обврски.
“Клучот е во краткиот тренинг, за што можат да најдат време дури и оние најзафатените. Јадењата кои ги предлагам се едноставни, вкусни и не станува збор за диета, туку за здрав начин на живот”, вели згодниот Џо.

Кога станува збор за тренинзите, тврди дека нема потреба да поминувате часови и часови во теретаната.
“Тренинзите со висок интензитет пет дена во неделата е се што ви е потребно. Вежбите можете да ги правите на било која направа за кардио тренинг, како што е лента за трчање или точак. Интензивно вежбајте 30 секунди, па потоа одморете 45 секунди и тоа повторувајте го 20 минути и ќе се збогувате со салото”, вели Џо.

Тој вели дека трба да пиете цедени сокови, но не рестриктивно како што тоа го советува Гвинет Палтроу. “Мислам дека не треба да ги менувате оброците со сокови, наместо тоа предлагам здрав доручек со цеден сок. Тоа е добар начин да внесете витамини и минерали, кои ќе помогнат да ја сварите храната”.


