Еве зошто не треба да ги чувате доматите во фрижидер
Повеќето луѓе откако ќе купат домати веднаш ги ставаат во фрижидер со цел да ја задржат нивната свежина. Меѓутоа научниците од француското агрикултурно друштво тврдат дека ова е погрешно.
По бројните истражувања тие потврдиле дека по чувањето во фрижидер, доматите за кусо време омекнуваат и ги губат своите хранливи состојки, а нивната карактеристична арома слабее.
Доматите потекнуваат од подрачја со топла клима, а со нивното скалдирање во фрижидер доаѓа до хемиски промени кои предизвикуваат распаѓање на нивните клетки.
Тоа се случува веќе на температура пониска од 10 степени, додека поголемиот дел од фрижидерите работат на температура од 2 до 6 степени.
Доколку сте купиле домати кои се веќе меки и презрели, тогаш складирањето во фрижидер е единствена опција за да не ги фрлите, велат научниците.
Подготви:Б.В.
фото:www.foodproductiondaily.com
