Занимливости
Лубеницата лек за намалување на притисокот
Лубеницата го намалува крвниот притисок кај лицата со прекумерна тежина и може да го намали ризикот од срцеви удари, покажуваат резултатите од истражувањето на Универзитетот „Флорида“.
Научниците откриле дека лубеницата го намалува притисокот кај луѓето со вишок килограми, дури и кога се изложени на студено време.
Повеќе луѓе умираат од срцев удар во студени услови бидејќи нивното тело е поизложено на стрес обидувајќи се да ја задржат топлината.

