Занимливости

Докторите поврзуваат чест витамин со повисокиот ризик од акни

Витаминот Б12, кој може да се најде во многу месни и млечни продукти, или да се зема како суплемент за подобра мозочна активност и против анемија, по сé изгледа дека влијае на генетската веројатност преку фацијалните бактерии, односно придонесува за создавањето на акни.

Како што многумина од нас се добро свесни за тоа, акните не се појавуваат само во пубертетот. Всушност, од нив пати секој во одреден период од животот. Проценето е дека 80 проценти од луѓето на возраст помеѓу 11 и 30 години низ светот патат од акни некогаш во животот.


Најнесреќните од нас, кои треба да се носат со овој дерматолошки проблем и во 40-тите и 50-тите години од животот, треба да се помират и со фактот дека научниците всушност и не знаат многу за тоа што ги предизвикува акните и како да се спречуваат и третираат.



Со цел да истражи повеќе, Хуијинг Ли, молекуларен фармаколог од Универзитетот на Калифорнија, и нејзиниот тим, решиле да се фокусираат на високите нивоа на Б12 во крвта како можен фактор, врз основа на истражувања спроведувани во последните 6 децении.


„Имало повеќе пријави дека луѓето кои примаат Б12 суплемент добиваат акни“, изјавила за The Verge.


Првата работа која ја направиле била да го идентификуваат молекуларниот пат кој продуцира витамин Б12 во кожниот бактериум Propionibacterium acnes, и го споредиле помеѓу луѓе со добра кожа и луѓе со кожа склона кон акни.


Откриле дека витаминот Б12 имал многу повисоки нивоа кај луѓето со кожа склона кон акни, отколку кај оние со добра кожа.



Се чини дека со земање на повеќе витамин Б12, може да поттикнеме бактеријата во нашата кожа да го забави произведувањето на истата, што води кон дисбаланс што може да го зголеми ризикот од акни.


Сепак, пред да решите да престанете да земате суплементи и да прекинете да конзумирате сé што е богато со Б12, како на пример риба, црвено месо, живина, јајца и млеко – треба да знаете дека ова е мала студија, и дека сé уште е во почетна фаза.


Сепак, постои надеж дека сме на еден чекор поблизу до решението кое засекогаш ќе не спаси од акните.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button