Занимливости
Цел живот ја фрлате кората од лубеницата, без да знаете колку е здрава

Цел живот ја фрлате кората од лубеницата, без да знаете колку е здрава
Повеќето луѓе ја фрлаат кората од лубеницата откако ќе ја одвојат црвената срцевина, без да знаат дека фрлаат здрави витамини и аминокиселини.

Во кората од лубеницата има витамини Б и Ц кои му се потребни на организмот, а најчесто ги консумираме во облик на таблети.
Покрај витамините, кората содржи и голема количина цитрулин – аминокиселина која е значајна за нормалната циркулација и здравјето на срцето.
Слаткото од кора од лубеница е веќе добро познат рецепт кој може да го пробате, но сега сите нутриционисти препорачуваат кората добро да ја измиете и да ја исечкате на мали коцки.
Додека е свежа, треба да ја сомелете во блендер додека не добиете кашеста смеса. Потоа, оваа смеса може да ја додадете во свежо цедените сокови и шејкови.

Би можело да ве интересира:
Мажите и жените се од различни планети, тоа веќе одамна ни е јасно, па ако сакате да си ја сочувате …
За многумина, кажувањето „Да” е најлесниот дел од нивниот живот, но одржувањето на бракот подразбира…
Иако е позната фразата „Бараш игла во сено“ како за нешто што е невозможно да се најде, за некои луѓ…