Занимливости

Дали знаете што им прават жештините на вашите интимни делови?


Дали знаете што им прават жештините на вашите интимни делови?

И за машката и за женската интима зона жештините претставуваат големо мачење. Како резултат на претераното потење често доаѓа до појава на црвенило, осип и иритации, па во тој случај не станува збор само за непријатност, туку и за здравствени проблеми.

dali-znaete-shto-zestinite-pravat-na-vashite-intimni-delovi-01.jpg

Потта е погодна за развивање на бројни бактерии, па затоа е важно хигиената на интимните делови да ја одржувате секојдневно. Нередовната хигиена не само што доведува до појава на непријатен мирис, туку и на здравствени проблеми.

Токму затоа дерматолозите советуваат интимната хигиена да ви биде неизбежен дел од секојдневието.

Научните истражувања покажуваат дека жештините се совршен афродизијак и дека сексот е почест во овие месеци, но ако не внимавате на интимната хигиена мала е веројатноста дека овој заклучок ќе важи и за вас. Што поради непријатниот мирис, што поради евентуалните здравствени проблеми.

Тука се поставува прашањето: Колку често треба да ги миеме интимните делови?

Секако дека не би требало да претерувате. Доволно е еднаш дневно со исклучок, ако постои непријатен мирис. Избегнувајте ја употребата на сапуни, бидејќи тие ја нарушуваат природната pH вредност на интимната зона и ја прават слузокожата чувствителна.

Во овие денови, доста важно е да внимавате и на тоа каква долна облека носите. Дерматолозите советуваат да избегнувате синтетика и танги. Тие можат да доведат до појава на габични инфекции и иритации.

Секогаш носете памучна долна облека и не носете ништо претесно.

Би можело да ве интересира:
Имате проблем со несоница? Овие трикови ќе ви помогнат...Имате проблем со несоница? Овие трикови ќе ви помогнат……
Ако имате проблем со несоница не се грижете, бидејќи не сте единствени.

Ако имате проблем со несо…
Работи кои сите ги прават во хотелска собаРаботи кои сите ги прават во хотелска соба…
Иако дома е најубаво, сепак има некоја магија во тие хотелски соби која нè тера да правиме работи шт…
Најчудните професии во историјата: Што од ова би работеле? Најчудните професии во историјата: Што од ова би работеле? …
Технолошкиот напредок уништи многу просперитетни кариери, некои од тие биле „Организатор на оргии” в…

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button