Имаат ли жените денес доволно слободно време?
Фото:blogilates.com Вработените мајки, со помалку или повеќе вештини „жонглираат“ со времето, обидувајќи се да ги усогласат работните обврски, времето поминато со децата и со домашните задачи. Токму поради ова, голем број жени не можат да издвојат ниту половина час за себе.
Дури и во моментот кога некои однапред испланирани работи ќе се откажат и наеднаш ќе добијат слободно време, повеќето жени не можат да се опуштат бидејќи се под притисок и имаат грижа на совест.
Поради таа причина се поставува прашањето како да се прекине тој круг на обврски и да се пронајде време за одмор? Стручњаците препорачуваат дека треба да уживаме во секој миг од секој ден. Но, да бидеме искрени, многу е полесно тоа да се каже отколку да се направи.
За почеток, немојте денес да се оптоварувате размислувајќи на обврските што ве чекаат во иднина, бидејќи на тој начин несвесно се зголемува притисокот, но и разочарувањето ако нешто испланирано не се исполни.
Понатаму, ограничете ја вашата листа со дневни обврски на максимум шест дневно. И секако трудете се да не вршите повеќе работи истовремено, бидејќи така се зголемуваат шансите да ги завршите само половично.
Научете се дека не е срамно да кажете „не“ на молбите за кои навистина немате време и сфатете дека перфекционизмот е добар само понекогапш, а секојдневната посветеност на најситните детали во сите сегменти на животот може да донесе повеќе штета отколку корист.
На крајот, кога ќе исполните сè што сте испланирале, слободно наградете се: долга топла бања, кафе со пријателките или омилениот десерт или што било што ќе ви донесе насмевка на лицето.
(Телеграф.мк/Извор: Life Content)



