ЌЕЛАВОСТ, ДЕБЕЛЕЕЊЕ И БРЧКИ ПО 30. ГОДИНА: Жените стареат побрзо од мажите, еве зошто
фото: Ljepota.ba Познато е дека жените созреваат побрзо од мажите. Тие порано проодуваат, прозборуваат, порано учат да читаат, да пишуваат…. Интересно е и тоа што и годините не се „читаат“ исто од лицата на жените и на мажите.
Прочитајте ги овие интересни факти за човековото тело и причините поради кои жените стареат побрзо од мажите:
Хормонски промени
И мажите и жените доживуваат сексуални промени со годините. Причина за тоа се хормоните. Жените околу 50. година влегуваат во менопауза. Во тој период ја губат плодноста, исчезнува менструалиот цуклус и јајниците прекинуваат со производство на хормонот естроген. Овој процес најчесто е пропратен со симптоми како што се умор, вагинална сувост, ниско либидо и бранови топлина.
Кај мажите стареењето не носи нагли промени како кај жените. Кај нив таа промена е постепена. Нивото на тестостерон опаѓа со текот на времето, во просек околу 1 процент секоја година по 30. година од животот. Намаленото ниво на тестостерон може да предизвика еректилна дисфункција, намалено либидо, па дури и промени во спиењето. Овој процес кај мажите се нарекува андропауза. За разлика од менопаузата на жените, кај кои плодноста исчезнува, мажите во андропауза и понатаму може да се репродуцираат односно да создаваат сперма и во постари години.
(Фото: imgur.com)
Промени во тежината
Одржувањето на тежината и за мажите и за жените е вистинска борба, особено по 30. година кога доаѓа до постепено губење на мускулната маса. Но, мажите и жените поинаку ги добиваат и губат килограмите.
Мажите вообичаено добиваат на тежина сè до влезот во 50. година, кога нивната тежина почнува да опаѓа најчесто поради падот на нивото на тестостерон кој ги одржува мускулите.
Жените од друга страна, обично добиваат на тежина сè до 65 година кога и тие почнуваат да ја губат поради губењето на мускулната маса.
Квалитет на кожата
Според Меѓународниот институт Дермал, машката кожа е помалку подложна на знаците на стареењето. Нивото на тестостерон ја прави машката кожа околу 25 проценти подебела од кожата на жените. Мажите, исто така, имаат погуст колаген, погруба текстура и поголема природна влажност на кожата, затоа што обично тие повеќе се потат и имаат повеќе млечни киселини во потта.
И мажите и жените го губат колагенот по 30. година во приближно иста мера, но по менопаузата, кај жените се забрзува, додека машката кожа старее постепено.
(Фото:salonsalonindestin.com)
Паѓање на косата
И мажите и жените ја губат косата со текот на годините. Во која мера ќе ја изгубат зависи од хормоните и од наследните фактори, но факт е дека ќелавоста повеќе ги погодува мажите.
Се проценува дека повеќето мажи постепено ја губат косата околу 40. година. Од друга страна жените ретко страдаат од ќелавост.
Најчесто кај жените доаѓа до проретчување на косата и промена на нејзиниот квалитет, но не и целосна ќелавост.
(Телеграф.мк)