Занимливости

Како зимата го старее женското лице

Зимскиот период ги прави постари жените за пет години поради темните кругови под очите и намалената количина на хормонот на среќата. Подочниците и мрачниот изглед на лицето ја прават жената постара и понепривлечна од реалната слика.


Истражувањето опфатило 5.000 жени кои биле набљудувани во текот на четирите годишни периоди. Резултатите покажале дека темните кругови околу очите кај дамите се зголемени, повеќе отечени и значајно потемни во зимскиот период. Недостигот на сончева светлина, па и на витаминот Д, придонесуваат за ваквите промени. Серотонинот, познат како хормон на среќата, опаѓа кога времето е постудено.


Но, не очајувајте, затоа што постојат неколку начини како да се ослободите од подочниците и подуеноста под очите. Дневниот сон е потребен за луѓето кои поминуваат повеќе време работејќи и кои не се наспале претходната ноќ. Доколку дремнете само 15 минути, тоа ќе ви помогне да се ослободите од темните подочници.


Никогаш не е пријатна глетката во огледало од каде ве набљудуваат отечени очи. Затоа, земете парче памук или мала крпа, натопете ги во студена вода и притиснете ги на очите. Оваа метода ќе помогне во намалувањето на подуеноста на очите.


Од богатиот избор на кремови, одберете го кремот кој е богат со витамин Е бидејќи помага во намалувањето на темните вреќечки под очите. Можеби ќе ви звучи необично, но и парче компир може да послужи како совршено средство против темните подочници.

Подготви: К. А.

 


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button