Пет начини да ја испеглате косата без пегла!
Не сакате повеќе да ја уништувате косата, а сакате да биде рамна? Направете еднаш неделно некој од овие третмани и вашата коса ќе биде сè порамна.
Ако ви здодеало да ја уништувате косата со пегла и фен, но сакате да имате прекрасно рамна коса, треба да пробате еден од овие третмани што побрзо. Сите се евтини и можете да ги изведувате дома, без многу подготовка, а за резултат ќе имате прекрасна рамна коса како од фризерски салон која е притоа и поздрава, потхранета и неизгорена.
Топло масло
За овој третман ви е потребно кокосово или маслиново масло кои ќе ги измешате. Потоа смесата ќе ја нанесете на сува коса, обвиткајте ја со топла крпа и оставете ја да отстои 45 минути, потоа измијте ја косата. Наместо маслиново можете да користите и бадемово масло.
Мед и млеко
Можете да користите само млеко, но и комбинација од мед и млеко. Во шише-спреј сипете млеко, испрскајте ја косата, оставете да отстои околу половина час. Што се однесува до комбинацијата, млекото и медот измешајте ги, а за подобар ефект ставете испасирани јагоди или банани. Мешавината нанесете ја на косата, оставете да дејствува околу 90 минути, па убаво измијте ја.
Јаболков оцет
Една лажица јаболков оцет измешајте со една шолја вода, ставете во шише-спреј и нанесете на измиена, мокра коса и со масирање нанесете ја мешавината на косата. Оставете ја да дејствува 5 минути, па повторно измијте ја косата.
Маслиново масло и јајца
Маслиновото масло е нешто без што не се може бидејќи се покажало како делотворно и во исхраната и во препаратите за убавина. За овој третман потребни ви се две јајца и маслиново масло. Измешајте ја смесата, ставете ја на косата да отстои еден час, потоа измијте ја убаво косата.
Лимон и кокос
Уште еден рецепт за помека и права коса е мешавината од кокос и лимон. Кокосот изрендајте го, промешајте го со вода и исцедете ја смесата за да ја одвоите течноста. Потоа во течноста додадете сок од лимон и изладете ја мешавината во фрижидер. Кремастиот слој кој ќе се создаде на врвот на смесата треба со масажа да го нанесете на косата и да ја покриете со топла крпа. По еден час, измијате ја косата.
Подготви: К. А.
