Занимливости

Празнични љубовни кавги: Едниот сака раскош, другиот е циција

Со доаѓањето на новогодишните и божикните празници, луѓето наместо да се опуштат и да уживаат во празничната атмосфера, често влетуваат во потполно бесмислени расправии. Еве неколку најголеми предизвикувачи на кавги меѓу брачните и љубовните партнери.

Зимските празници претставуваат период на дарувања, простувања, но и период на голем стрес кој резултира со проблеми во меѓучовечките односи. Како и обично, тие негативни мисли најчесто се упатени кон најблиските, па најчестa цел е партнерот. Одлуките како на пример, каде ќе славиме Нова година и Божик, посетите на семејствата, распоредот на обврските и шопингот се само некои од предизвикувачите на кавги кај повеќето двојки.


Едниот сака да биде со семејството, а другиот да остане дома


Бидејќи не ги гледате често членовите на семејството, ова е идеална прилика да поминете повеќе време со вашите најблиски. Меѓутоа, ако таа опција го гуши и притиска вашиот партнер, не доаѓа предвид, подгответе се за разочарување. Единствен лек за оваа ситуација е компромисот. Најбезболен начин е да одредите точно колку време ќе поминете во посета на семејството, но секако да оставите време и за вас двајцата кога ќе можете да се опуштите и да разговарате. Тоа ќе ви помогне да не експлодирате од бес пред семејството, бидејќи такви сцени најмалку ви требаат.


Едниот обожава празнични славења, другиот е потполно лишен од празничниот дух


Ако едниот од партнерите е традиционален тип која сета енергија ја посветува на креирањето иделна атмосфера за празниците – од купување подароци, приготвување традиционални слатки, до поставување на елката, а другиот воопшто не е заинтересиран за тоа, кавгата е неизбежна.


Колку повеќе размислувате за разликите меѓу вас, толку полесно ги воочувате и ги губите нервите. Идеално решение е да направите список кој од вас ќе ги направи подготовките за празниците, како и кои ви се заеднички желби. Не го принудувајте партнерот да ја накити елката ако за тоа нема желба, но наместо тоа пратете го да купи елка или да го исчисти станот додека вие ги печете колачињата.


Едниот сака раскошна трпеза, другиот да заштеди


Договорот околу купувањето храна, цените на подароците и можниот новогодишен аранжман можат да предизвикаат турбулентни кавги, особено во периодот на финансиската криза. Пред секое трошење, најдобро што можете да направите е да седнете со партнерот и заедно да утврдите кој износ можете да си го дозволите. Распоредете ги парите на она што ви е најбитно, договорете го празничното мени и за кого треба да се купи подарок.

 

Подготви: К. А.


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button