Не ги фрлајте отпадоците од храна – јадете ги!
Некои отпадоци од овошјето и од зеленчукот имаат бројни позитивни ефекти врз вашето здравје, затоа немојте да ги фрлате, туку гледајте како најдобро да ги искористите.
Кора од портокал
Кората од портокал содржи дури четири пати повеќе влакна од плодот. Покрај тоа, има и повеќе флавоноиди како тангерина и нобилетин, а тие дејствуваат антиоксидантно, спречуваат појава на дијабетес и имаат антивоспалителни својства. Една студија покажала дека овие нутриенти може да го намалат штетниот (ЛДЛ) холестерол, дури подобро и од некои лекови.
Кората од портокал може да се изренда па да се стави врз зеленчукот, како прелив за салата. За десерт, лентите од кората премачкајте ги со шеќерен сируп и натопете ги во темна чоколада.
Стебленца од блитва
Едно истражување за прехранбената технологија покажало дека стебленцата од блитва имаат многу глутамин, аминокиселини кои го засилуваат имунолошкиот систем и ја поттикнуваат способноста на телото да заздрави од повреди и операции. Некои славни готвачи ги врзуваат стебленцата во снопови од шест до осум парчиња и го оставаат да стојат половина час во црвено вино, мед и во лук.
Листови од целер
Имаат пет пати повеќе магнезиум и калциум од стеблото, тие се богат извор на витамин Ц и на фенол, моќен антиоксидант и антивоспалителна супстанца.
Ситно исечкајте ги листовите со магдонос и ставете ги во салата или, пак, користете ги како украс кога сервирате риба или пилешко.
Листови од брокула
Околу 30 грама листови од брокула ја содржат и до 90 отсто дневната потребна количина на витаминот А, која ја бара нашето тело. Листовите од брокула можете да ги подготвите на ист начин како и спанаќот – да ги сварите, па да ги зачинете со маслинов зејтин и со лук.
Кора од лубеница
Внатрешната, бела кора од лубеницата, исто така има свои предности, односно, ја содржи аминокиселината цитрулин. Таа, пак, е важна бидејќи помага за ширење на крвните садови и за подобра циркулација. Кората можете да ја издлабите заедно со лубеницата и да направите сок или алкохолен пијалак со малку рум, џин или со вотка. За посладок вкус, засладете го пијалакот.
Лушпа од кромид
Самата лушпа е многу побогата со растителен сегмент со силно антиоксидантно дејство – кверцетин, отколку кромидот. Кверцетинот го намалува крвниот притисок. Иако ни е познато дека со лушпата од кромид можеме, на пример, да ги боиме јајцата за Велигден, можеме и заедно со кромидот да ја користиме во разни јадења и во варива, за подобар вкус. Важно е после варењето, лушпата да ја извадите од јадењето пред да го сервирате.
