Седум работи со кои ќе се разубавите додека ја гледате омилената серија
Студентото време и снегот не принудуваат зимските денови да ги поминуваме дома на топло, но тоа не значи дека треба да го занемариме својот изглед и да се излежувате на кауч по цел ден.
Времето кое го поминувате гледајќи ги омилените серии е одлично време за да го зацврснете своето тело и да ги негувате своите нокти, лице и коса. Спојте го корисното со убавото и искористете го секој слободен миг за разубавување.
Ставете хранлива маска на лицето
За време на студените денови, влажноста на кожата е исклучително важна. На неколку дена ставете домашна или купечка хранлива маска за лице додека ја гледате омилената серија.
Зацврснете го задникот и стомакот
За време на рекламите не значи дека треба да се фатите за вашиот мобилен телефон и да ги проверувате пораките или Фејсбукот туку тоа е време кога треба да станете и да направите некоја вежба со која ќе го зацврстите задникот или стомачните мускули. Кога ќе почен серијата седнете на каучот и направете пауза од вежбите.
Нахранете ги ноктите и кожата
Ако сакате да избегнете појавување на законтици мора да се потрудите рацете никогаш да не ви бидат суви како и подрачјето околу ноктите. Додека гледате телевизија на ноктите и на кожата околу ноктите втријте масло за раце а на рацете ставете хранлива и хидратантна крема.
Гимнастика на лицето
Можеби лицето ви е младо и затегнато но кога ќе ја поминете 30-тата година тонусот на мускулите на лицето се опушта. Жените над 25 години треба да изведуватт една едноставна вежба за затегнување на лицеот – треба да глуматкако ја изговараат буквата Е, а потоа да ги соберат усните како да ја изговараат буквата О. Додека гледате серија издвојте неколку минути за оваа вежба.
Вежбајте исправено држење на телото
Ако успеете да се натерате исправено да седите додека сте на кауч тогаш ќе успеете цело време да го држите исправено своеот тело.
Избелете ги забите
Ако користите ленти за избелување на забите ова е вистинско време за да ги нанесете.
Депилација
Додека седите и гледате во телевизорот ова е вистинско време да ја земете вашата машинка за депилација и да ги издепилирате вашите раце и нозе.
Подготви:Б.В.