Занимливости
Научниците открија како да ја „исклучат“ болката
Фото:wisegeek.com Научниците го пронајдоа решението за „исклучување“ на болката кај пациентите, што би можело да доведе до развој на лекови кои не предизвикуваат зависност.
Тоа би го решило проблемот на милиони луѓе кои патат од хринични болки.
Истражувачите успеаја да го блокираат патот до болката кај глодарите со хринични невролошки тегоби.
Тоа го постигнаа вклучувајќи рецептори А3 во мозокот и грбот на глувците.
Сегашните лекови против болки се сметаат за проблематични, бидејќи обично имаат многу несакани ефекти и го намалуваат квалитетот на животот на пациентот.
Научниците од универзитетот во Сен Луис во Мисури открија дека со активен А3 рецептор може да се спречи болката предизвиката од нервни оштетувања.
(Телеграф.мк/Кафе.ба)
