Занимливости

Зошто треба да вежбате и во зима

Многумина не ја сакаат зимата и кога ќе дојдат студените денови, избегнуваат да излегуваат од домот. Наместо лежење во своите удобни кревети, добро би било да излезете надвор и да вежбате. Ова се неколкуте причини зошто треба да го направите тоа.

Согорување што повеќе калории

Докажано е дека со тренирање во зима се согоруваат повеќе калории бидејќи телото мора повеќе да се потруди да ја одржи температурата на потребното ниво. Иако тоа зависи од температурата надвор, зависи и од вашето тело. Организмот ќе мора да искористи одреден број масни наслојки за да се загрее. А тоа секако значи дека ќе изгубите повеќе калории.

Јакнење на срцето

Ниските температури ќе го натераат вашето срце да работи појако за да пумпа крв низ телото. Доколку имате некакви срцеви заболувања, тогаш не би требало премногу да се напрегате. Но, доколку сте здрави, вежбањето позитивно ќе влијае врз вашето срце.

(Фото: motorship.com)

(Фото: motorship.com)

Ќе пиете повеќе вода

Доколку се решите да вежбате надвор, треба да знаете дека треба да пиете доволно вода. Тоа е особено важно поради студениот воздух бидејќи ќе имате чуство дека помалку се потите, а со тоа губите и помалку вода од организмот. Тоа не е точно. Водата е важна и поради мускулите, и затоа пијте ја пред, по и за време на тренингот.

(Телеграф.мк/Blic.rs)

 

 

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button