Еве која храна ќе ви помогне против опаѓањето на косата
Зелен пазар, пазарење, зеленчук, овошје (Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски) Губењето на косата е чест проблем кај жените. Речиси не постои жена што барем еднаш во животот не се соочила со овој непријатен проблем. Паѓањето на косата може да се должи на многу нешта – стрес, промена на годишните времиња итн.
Ако во моментов вие се борите со прекумерното паѓање на косата, пробајте да се справите со проблемот на сосема природен начин.
Всушност, треба да обрнете внимание на одредени видови храна. Промената во исхраната може да биде лесен начин да се справите со опаѓањето.
Еве која храна гарантира здрава коса и го спречува опаѓањето.
1. Лосос
Лососот е богат со омега-3 масни киселини кои помагаат да се спречи губењето на косата. Храната што содржи омега-3 масни киселини не само што е добра за вашиот мозок туку е добра и за вашата коса.
(Фото:paleoburn.com)
2. Спанаќ
Овој листест зеленчук е полн со витамини, антиоксиданси и минерали кои го прават идеален за спречување на опаѓањето. Спанаќот исто така го помага варењето, ги негува очите и коските. Изненадувачки, спанаќот всушност е поздрав кога е зготвен или направен како сок. Значи, јадете спанаќ на различни начини, не само во салата.
3. Овес
Кашата е идеална за појадок, но освен тоа е помалку позната храна што се бори со опаѓањето. Овесот е добар извор на биотин – витамин кој има одличен ефект врз косата и здравјето на скалпот. Придобивките од овесот сепак не завршуваат со тоа – тој помага да го совладате апетитот, го подобрува имунолошкиот систем и помага за контролирање на крвниот притисок.
4. Моркови
Портокаловите зеленчуци помагаат за одржувањето на маслата кои го поддржуваат скалпот. Овие масла се особено важни кога човек има проблем со опаѓањето. Морковите содржат витамин А, а неговиот дефицит се поврзува со губењето на косата. Исто така, може да се добие здрава доза бета-каротен од слатките компири, мангото и тиквата.
(Фото: Foter/chriscook04)
5. Леќа
Ако сте вегетаријанец, консумирајте повеќе леќа и грав. Обидете се исто така со тофу, јогурт или кикиритки.
(Телеграф.мк)
