Дали консумирањето на црвеното месо може да предизвика рак?
(Фото: sxc.hu/oileen) Кога станува збор за црвеното месо, како тема се наметнува ризикот за добивање рак. Конечно постојат и докази кои откриваат дека постои врска помеѓу ракот и консумирањето на црвеното месо.
Тимот на научници од Универзитетот во Калифорнија открил дека црвеното месо, вклучувајќи ги говедското, свинското и јагнешкото, содржи шеќери кои природно ги создаваат животните што јадат месо, но не и луѓето.
(Фото: FreeDigitalPhotos/Suat Eman)
Шеќерот идентификуван во истражувањето, наречен Neu5Gc, кај глувците предизвикал тумор, а резултатите обезбедиле револуционерно откритие за тоа на кој начин консумирањето на црвеното месо кај луѓето предизвикува рак. Меѓутоа, многу потешко би било кога ова би се експериментирало на луѓето, признаваат научниците.
– Досега сите наши докази што го поврзуваа NEU5Gc со ракот беа индиректни предвидувања, во прилично вештачки и експериментални услови. Ова е првпат директно да покажеме идентична ситуација како кај луѓето, хранејќи нечовечки Neu5Gc и воведувајќи анти-Neu5Gc антитела, со што спонтано се зголемуваа и случаите на карцином кај глувците – открива д-р Ајит Варки.
(Фото: Flickr/Robert S. Donovan)
Меѓутоа, тој истакнува дека иако Neu5Gc поттикнува рак, тој не е директен предизвикувач на рак кај личностите кои го внесуваат во организмот, туку катализатор за различни видови рак, особено рак на цревата.
(Фото: FreeDigitalPhotos/amenic181)
Научниците напоменуваат дека умерената консумација на црвено месо благотворно влијае врз организмот, бидејќи на телото му дава белковини, витамини и минерали. Но, луѓето би требало дневно да изедат до 70 грама, или помалку црвено месо, тврдат стручњаците.
Ова истражување го побива популарното верување дека црвеното месо е канцерогено поради тоа што најчесто се подготвува на скара, при што се создаваат хемикалии кои предизвикуваат рак.
(Телеграф.мк/Telegraf.rs/IFLS)





