Можеме ли да настинеме ако излеземе со мокра коса?
Дали некогаш сте одбиле да излезете надвор затоа што штотуку сте ја измиле косата?

Веројатно многу пати сте се нашле во ситуација кога избегнувате веднаш по миењето на косата да излегувате, но прашањето е дали навистина можеме да настинеме поради мократа или влажна коса?
Едно истражување покажало дека 40% од мајките сметаат дека нивите деца ќе се разболат ако излезат надвор со мокра коса. Овој страв, кој со генерации се пренесува врз децата, започнал да се шири од 1878 година од страна на францускиот хемичар Луј Пастер, кој земал една кокошка, ја изложил на антракс, а потоа нејзините нозе ги потопил во ладна вода за да открие дали ќе се разболи. Кокошката умрела.
Потоа го повторил експериментот, само што овој пат кокошката ја замотал во топло ќебе и таа преживеала.
Но вистината е дека ако надвор е ладно, а вам косата ви е мокра, тоа нема да предизвика настинка.
Одењето во кревет со мокра коса исто така нема да предизвика настинка, дури ниту ако во собата ви е пуштена клима која лади. Причинители на настинка се вирусите, од кои најчест е риновирусот.
Самото излегување надвор со мокра коса на ладно време нема да ве разболи, но ладното време ги зголемува шансите да закачите некој вирус, кој може да предизвика настинка, но тоа ќе се случи поради самата влага, а не поради мократа коса.
Научниците докажале дека зимскиот воздух е помалку влажен од летниот, па се суши слузокожата на носот, што овозможува полесно минување на вирусите.
