Природен лек за здрав црн дроб
Црниот дроб е исклучително важен орган бидејќи го презема производството на протеини во крвта и учествува во процесот на нејзиното обновување. Освен тоа помага и во јакнење и стимулирање на метаболизмот.
Луѓето секојдневно можат да направт нешто за својот црн дроб. Имено, на празен желудник потребно е да се испие лажица маслиново масло измешано со лимонов сок, по што може да се појадува.
Веќе по неколку месеци ќе се почувствуваат промени. Ќе се намалат подочниците, тенот ќе биде посјаен, а метаболизмот одличен. Освен тоа, ќе имате и чувство дека сте полни со енергија.
Маслиновото масло многу помага во отварање на каналите на црниот дроб и жолчниот меур. Лимонот е исто така добар во тоа, но притоа е одличен извор на витамин Ц и ги чисти крвните садови од наталожување на холестерол.
