Која храна може да се јаде и по истекувањето на рокот на траење?
Иако не е препорачливо да се користи храната по истекувањето на рокот на траење, некои продукти можат да бидат добри за консумирање уште извесно време. Експертите за храна составиле листа на продукти кои можат да бидат корисни и по ситекнувањето нарокот на траење втиснат на производот и додаваат дека тој рок повеќе се однесува на свежината на продуктот отколку дали е штетен за организмот.
Кечап
Ако кечапот го чувате во ладилник, тој може да го задржи својот квалитет и до шест месеци. По истекувањето на рокот на траење тоа е се уште сигурно време за консумирање освен ако не се појави чуден мирис и мувла.менува мирисот.
Јајца
Ако се чуваат во ладилник, нивниот рок на траење може да трае од 3-5 недели. Секогаш земајте од ладилникот само онолку колку ви требаат, бидејќи чувањето на собна температура може да ги расипе.
Млеко
Може да се пие и е здраво за употреба и до една недела по истекот на рокот на траење. Кога е расипано, млекото го менува мирисот, изгледот и вкусот.
Маслиново масло
Маслиновото масло трае и до две години, а за да ги задржи неговите хранливи состојки се препорачува да се чува на ладно и темно место, каде нема да се расипе.
Кисели краставички
Отворената тегла кисели краставички има рок на траење и до една година, ако се чува во ладилник. Истото важи и за маслинките.
Оцет
Оцетот речиси и нема рок на траење. Дури и кога има промени во бојата или се појави талог, безбеден е за користење.
Мед
Не ги губи своите својства со текот на времето и може да се користи додека не се потроши.
Кафе
Може да го користите и 3-5 месеци после означениот рок на траење. Зрната кафе не ги губат својствата ниту после половина година.
Зачини
Зачините како цимет, бибер, црвена пиперка ги задржуваат својствата и 2 години по истекот на назначениот рок на траење. Притоа е важно да ги чувате во стаклен сад, на ладно и суво место.

