Работата во смени го слабее мозокот и го загрозува здравјето
Работата во смени забрзано ги намалува функциите на мозокот и предизвикува серизони здравствени проблеми, тврдат француските научници.
Истражувањето спорведено на 3.000 луѓе покажува дека „ротирачката работа“, односно честите промени на работното време, создава долгорочна штета на меморијата и менталните способности на луѓето. Смените го нарушуваат „внатрешниот часовник“ на телото, а може да предизвикаат и срцеви проблеми па и некои облици на рак.
Француските научници ја откриле врската помеѓу промените на времето и намалувањето на функцијата на мозокот.Испитаниците кои работеле во „ротирачки“ смени значајчно полошо ги решиле тестовите за меморија и брзината на донсеување на заклучоци. Студијата е спроведена во три фази, а првата фаза започнала во 1996 година.
Нивото на опаѓање на функцијата на мозокот кај луѓето кои десет години работеле во променливи смени бил еднаков на оној кој природното стареење го предизвкува во шест ипол години.
Мозокот на тие луѓе, наместо 10, остарел 16,5 години. Научниците утврдиле и недостиг на витамин Д кај луѓето што работат ноќни смени.
Подготви:Б.В.