Занимливости

Десетте најсмртоносни јадења на светот

Склоноста кон експериментирање во кујната е пофална карактеристика, доколку не вклучува кокетирање со опасноста која може да го искомплицира вашето здравје и живот. Прочитајте кои се продуктите од кои треба да се пазите, или внимателно да ги подготвувате, затоа што предизвикуваат тешко труење, дури може да имаат и фатални последици.


1. Овошјето Ackee. Ackee е најпопуларното овошје во Јамајка. Ако планирате да се упатите кон оваа топла дестинација – немојте да посегнувате по нејзините плодови без прашање. Додека правилно не созрее, консумирањето на ова овошје може да предизвика повраќање, кома па дури и смрт!


2. Корен од маниока. Коренот од маниока е одличен додаток за карипските јадења, но немојте со него да ракувате невнимателно. Ако овој корен термички не го обработите доволно, вашите гости би можеле да умрат од труење со цијанид.


3. Фугу. Јапонската боцкава риба Фугу е вистински кулинарски деликатес во Азија, но таа бара внимателна подготовка. Нејзиното месо содржи тетродотоксин – отров кој предизвикува смртни последици, па куварите посебно се обучуваат за да го отстранат пред да им го послужат на гостите.


4. Отровни печурки. Во светот може да се најдат различни видови на печурки чиј состав предизвикува сè, од благо гадење до кобни последици по вашиот живот. Затоа мора многу да внимавате какви печурки приготвувате за јадење.


5. Африканска бик-жаба. Жабите се деликатес во целиот свет, но африканскиот подвид бик-жаба (Bullfrog) предизвикува оштетување на бубрезите ако термички не се обработи добро пред консумирањето.


6. Крвави школки. Овие школки се врвен деликатес во Кина, поточно во Шангај, но уживањето во нив може да ви пренесе хепатит А и Е, па затоа се строго забранети од 1988 година. Но, благодарение на нелегалниот пазар и понатаму може да се вкусат на одредени локации. Доколку ви ја понудат оваа крвава закуска – заблагодарете се и одбијте ја.


7. Базгини бобинки. Од овие бобинки се прават мармалади и сокови во дел од Европа и се додаваат во бројни комплицирани јадења. Додека се добро зготвени нема никаква опасност од нивната консумација. Меѓутоа, консумацијата на суровите плодови, предизвикува повраќање и гадење.


8. Вишни со семки. Молам? Па, јадете вишни цел живот и никогаш не ви било лошо? Опасноста демне во нивните – семки. Ако проголтате семка или две, нема да ви биде ништо. Но ако изедете поголема количина, би можеле да почувствувате мачнина или слабост.


9. Листови од рабарбара. Горчливите бело-црвени корени од ова заборавено овошје се одлични продукти за подготовка на необични јадења и зимници. Но, листовите од ова растение, треба дефинитивно да ги избегнувате затоа што предизвикуваат повраќање.


10. Кикиритки. Кикиритките се еден од најраспространетите алергени во современиот свет и од нив стравуваат милиони луѓе ширум светот. Алергијата од кикиритки опфаќа сè, од благ осип до анафилактички шок, односно престанок на дишењето. 

Подготви: K. A.ж

Ackee

Фугу

Крвави школки


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button