ВИДЕО Видео кое ќе ве натера да престанете да пребарувате симптоми на „Гугл“
Секој од нас, барем еднаш, преку „Гугл“ се обиде да најде дијагноза за разни состојби, како што е инфициран прст и ред други симптоми…
Но речиси секогаш наидуваме на грозни и дури фатални исходи и така на пример, доколку пребарате податоци за симптомите на обична настинка, може да добиете фатална „дијагноза“.
Се прашувате зошто е тоа токму така? Одговорот е сосема едноставен – постојат над 100 симптоми кои се дел од вообичаените промени во организмот или влијанијата на околината, а кои меѓудругото се јавуваат и како дел од некоја посериозна болест.
Оваа кампања ќе ви помогне да престанете да се потпирате на тоа што ќе го прочитате на интернет.
Пораката на кампањата е: „Не пребарувајте на интернет, прашајте доверлив извор“.
Погледнете едно од промотивните видеа, кои се користат во кампањата за да се прекине оваа лоша навика на луѓето.
„Имам смртоносна болест и ќе умрам за шест недели“. Тоа е уводот во видеото кое е дел од кампањата на белгиската влада за да се обсхрабрат граѓаните опсесивно да пребаруваат здравствени проблеми на интернет.
Тонот во видеото набрзо станува комичен, кога говорникот открива дека до таа дијагноза дошол откако „Гугл“ му понудил можни причини на обично треперење на окото. Ако скокот од едноставен, вообичаен симптом до смртоносна, ретка болест го сметате за смешен, тогаш се една од ретките личности кои никогаш не барале здравствени информации онлајн.
Видеото можете да го погледнете на следниот линк: http://magazin.net.hr/zdravlje/prevencija/video-ako-zelite-pretraziti-svoje-simptome-na-internetu-radije-pogledajte-ovo
Подготви: K. A.

