Со ХИВ излекуван рак
Американски лекари успеаја пациент заболен од рак да го излекуваат со помош на ХИВ.
Маршал Јенсен (30) од американската држава Јута, женет и татко на едно дете, заболел од акутна лимфобастична леукемија во 2012 година и изминатите две години трагал за ефикасен лек.
Спас пронашол на клиника во Пенсилванија каде како еден од 30 пациенти бил на експериментална програма со користење ХИВ, вирус кој е причинителот на сидата.
Третманот подразбира на пациентот да му се дадат бели крвни зрнца со деактивиран ХИВ кои потоа уништуваат клетки на рак.
Јенсен одлично реагирал на таа терапија и целосно е излекуван. Од 30 пациенти кои учествувале во лекувањето, 23 се се уште живи, а 19 излекувани. Врската меѓу ХИВ и леукемијата е откриена во 2006 година.