Ова се неверојатните моќи на сокот од домати
Напивката од домати го намалува ризикот од рак, го намалува холестеролот, а воедно ги подобрува здравјето, косата и кожата.
Сокот од домат е богат со минерали, магнезиум и фосфор, како и витамините A, K, B1, B2, B3, B5 и B6. Споменатите минерали и витамини се корисни за здравјето, а ефикасно ги штитат кожата и косата. Кога правите сок, користете свеж домат.
Ликопенот што е присутен во сокот од домати, го намалува ризикот од рак на простата. Количината на влакна и вода во доматот е исклучително корисна за дебелото црево.
Сокот од домати ги олеснува мачнините на личности што страдаат од проблеми со варењето, како што се опстипација и дијареа.
Експертите тврдат дека сокот од домати го намалува нивото на вкупниот холестерол, како и дека содржи многу влакна кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол. Сокот содржи и ниацин, кој е ефикасен во борбата против високото ниво на холестерол.
Антиоксидансите присутни во овој сок помагаат при превенција од дијабетес, астма и болести на срцето.
Подготви: К. А.