СЕХА: Циндриќ, Дибиров и Штербик во тимот на месецот
Ракометарот на Металург, Лука Циндриќ, и играчите на Вардар, Арпад Штербик и Тимур Дибиров, се избрани во идеалниот тим на СЕХА лигата за месец октомври. Најдобар тренер во изминатиот месец е предводникот на Вардар, Раул Гонзалес.

Циндриќ своето место во тимот на месецот го заслужи со игрите на натпреварите против Војводина и Борац, на кои постигна девет, односно четири голови.
Штербик во дербито против Татран имаше 15 успешни интервенции, а на истиот натпревар Дибиров постигна 10 голови, со само едно промашување.
Покрај Циндриќ, Штербик и Дибиров, во тимот на месецот се најдоа уште Даинис Кристпанс, десниот бек на Татран, левиот бек на Војводина, Серџо Датукашвили, десното крило на Брест Мешков, Симон Разгор и пикерот на Веспрем, Андреас Нилсон.

