Занимливости

Решена кризата во РК Металург, ракометарите ќе патуваат за Шпанија

Сложената ситуација во која се наоѓа ракометниот шампион на Македонија, Металург, добива позитивна разврска, откако ракометарите и сопственикот Минчо Јорданов, постигнале договор тие да отпатуваат за Шпанија на натпреварот во Лигата на шампиони со Ла Риоха.

Двете страни ги доближиле своите ставови во интерес на клубот, бидејќи доколку клубот не отпатува во Шпанија, ќе се соочи со ригорозна казна од страна на Европската ракометна федерација.

Инаку спротивставените страни ги доближиле своите ставови дури на вториот состанок, откако првиот завршил безуспешно.

Откако започна кризата во Металург од клубот веќе си заминаа голманот Коциќ кој се врати во Србија, Липовина кој потиша за Вецлар, а раскин на договорите веќе побарале Атман и Циндриќ.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button