Во петтата деценија вагината ѝ е на „возраст“ на 25-годишна девојка (ВИДЕО)
Лиза Палмер (Фото: Фејсбук) Кога се развела и почнала да излегува со помлади мажи, Лиза Палмер (41) сакала да го задржи својот младешки изглед – на целото тело. Била решена да не се подложува на хируршки зафат, туку тоа да го направи исклучиво по природен пат.
Нејзината потрага тргнала во добра насока. Пронашла целосно природен рецпет за маска кој ѝ помогнала за нејзиното меѓуножје да добие изглед како кај 25-годишна девојка. Таа сега сака своето откритие да им го пренесе на сите жени, а особено на дамите кои сакаат да бидат во врски со помлади момци.
– Не ми се верува дека тој дел од телото го занемарував целото време додека бев во брак. Сега мојата вагина изгледа и се чувствува многу подобро од кога било. Најдобриот доказ дека рецептот делува е реакцијата на момците, кои велат дека имам вагина како на 25-годишна девојка – вели Лиза.
(Фото: Foter)
Кога се развела, почнала да излегува со помлади мажи и дури тогаш сфатила колку е битен и изгледот на меѓуножјето.
– Често го занемаруваме тој дел и мислиме дека бразилската депилација е доволна. Но, кога бев со првиот помлад маж, се погледнав долу и сфатив дека сум збрчкана и многу посува од тогаш кога бев помлада – вели жената.
Експериментирала дома и смислила рецепт за кој тврди дека делува. Вели дека реакцијата на мажите ја поттикнала тоа да го сподели со сите жени кои го имаат истиот проблем.
РЕЦЕПТ: Маска за подмладување на вагината
Потребно е: Една лажичка кокосово масло (ги убива бактериите и ја хидрира кожата), една лажичка крема со витамин Е (ја хидрира кожата и го спречува стареењето), лажичка мед (има антиоксиданси кои го забавуваат стареењето), една белка од јајце (ја зацврстува и ја затега кожата).
Подготовка: Целата смеса добро да се измеша и да се загрее во микропечка. Не треба да биде врела, туку топла. Нанесете ја на вагината. Препорачливо е претходно да се помине местото со пареа или со топла вода, за да се отворат порите. Потоа нанесете ја маската и држете ја на себе петнаесетина минути.
Лиза препорачува ова да се прави седум дена по ред, а потоа еднаш неделно. Треба да се комбинира со вежби за затегнување на вагината.
(Телеграф.мк/Извор: dailymail.co.uk)


