Здравиот сон значи здрав живот
(Фото: thesportinmind.com) Панел-дискусија на тема „Здрав сон за здрав живот“, посветена на состојбата, дијагностиката и третманот на опструктивната ноќна апнеа (нарушување на дишењето во текот на спиење), ќе се одржи денеска во организација на Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и Македонското здружение за ноќна апнеа.
Опструктивната ноќна апнеа е најчестиот облик на нарушување на дишењето во текот на спиењето од кое страдаат повеќе од 4 проценти од возрасната популација, или околу 100 милиони луѓе во светот. Иако успешно може да се лекува, дури 80 проценти од заболените не бараат лекарска помош. Ако навремено не се лекува, опструктивната ноќна апнеа ги зголемува ризиците од појавата на сериозни заболувања и го скратува животниот век.
Недостигот на квалитетен сон поради ова нарушување доведува до намалена концентрација и будност, а може да биде причина за тешки повреди на работното место и сообраќајни несреќи.
(Телеграф.мк/МИА)

