Кравите не’ чуваат од алергии
Недела, 31 Август 2014 10:50
Доколку се плашите дека вашето дете ќе пати од некаков тип на алергии на се и сешто, преселете се во село и почнете да чувате крави.

Децата кои пораснале во селска средина на свежо домашно кравјо млеко имаат значително помал ризик за развој на алергии, покажува истражувањето спроведено во Шведска.
Истражувачите од универзитетот во Гетербург го следеле развојот на селските деца од раѓање до 3 години, а нивните резултати покажале дека овие деца имаат 10 пати помал ризик од алергии во споредба со другите деца од руралните области.
Ова откритие е во склад со хигиенската хипотеза според која драматичниот пораст на алергиите во развиените земји го објаснува со помала изложеност на микроби и помал број на инфекции што го зголемува ризикот за алергија

