Зошто сме „навлечени“ на кафе? (ВИДЕО)
(Фото: SXC) Кафето не расонува и не одржува будни, но како всушност тоа се случува на интересен начини објаснуваат Мишел Мофит и Грегори Браун во кратко анимирано видео.
Прва работа која треба да ја знаеме е дека нашиот замор доаѓа од молекулот кој се вика аденозин. Нашето тело го произведува тој молекул во текот на целиот ден.
– Додека спиеме, паѓа концентрацијата на аденозинот, но со будењето започнува неговото ново создавање – објаснуваат Мофит и Браун. Во видеото тие јасно прикажуваат дека под влијание на аденозинот човекот во текот на денот станува се поуморен.
Утринското кафе го прекинува тој природен процес затоа што мозокот го доживува кофеинот исто како и аденозинот. И поради сличниот облик, кофеинот се врзува за рецепторите на аденозинот во мозокот. Кога кофеинот ќе го заземе местото на аденозинот тој молекул не може да се задржи на своето место. Така се спречува дејствувањето на аденозинот, а за тоа време не се чувствуваме толку уморни и поспани.
Кога попушта дејството на кофеинот тогаш мозокот се враќа во својата природно состојба. Тој почнува да го создава аденозинот и телото повторно станува уморно што е причина зошто некои луѓе во текот на денот пијат повеќе кафиња.
Така и се создава зависноста од кафето.
– Кога ќе престанете да пиете кафе ги чувствувате симптомите на апситненција и сте уморни како пред да испиете кафе – појаснуваат Мофит и Браун.
(Телеграф.мк)