Капините – чувари на здравјето | Urban Men
Капините важат за овошје со најмногу диетални влакна.

Поради својата нутриционистичка вредност и комплексните состојки, капините добро влијаат на срцето, метаболизмот, го намалуваат ризикот од мозочен удар и дијабетис.
Капините содржат диетални влакна кои ја подобруваат работата на дигестивниот систем и кардиоваскуларниот систем. Ова шумско овошје го регулира нивото на шеќер во крвта и нивото на лош холестерол. Конзумирајќи повеќе капини, го намалуваме ризикот од разни срцеви заболувања. Галусната киселина содржана во капините е антивирусен антиоксидант кој се користи за лечење хемороиди и псоријаза. Исто така, содржи и кумаринска киселина која го намалува ризикот од рак на желудникот. Капините содржат и антоцијан кој го оневозможува растот на туморните клетки и така помагаат во борбата против рак на кожата и белите дробови.
Капините се богати со танин кој го затегнува ткивото и ги стеснува крвните садови, па така тоа ги прави делотворни за лекување на рани. Некогаш, во алтернативната медицина, тие служеле како облог за рани.
Градбата на коските е уште една област каде капините се многу полезни. Доволно е да изедеме неколку капини со што ќе допринесеме за изградба на сврзното ткиво. Лутеин, битна состојка на капините, го штити окото од УВ зраците. Капините содржат и фолна киселина и витамин Б9 кои се клучни за развојот на клетките.





