ФОТО Девојче ја убило амеба која го ждере мозокот

Хејли Џаст (9) од американската држава Канзас починала откако во текот на пливањето низ носот и влегла амеба Naegleria fowleri, попозната како „амеба која го јаде мозокот“.
Во прашање е мошне инванзивен организам, а симптомите кои обично се јавуваат пет дена по инфекцијата се: вртоглавица, главоболка, зголемена температура и отечен врат. Како што пренесуваат локалните медиуми, Хали се капела на неколку локации, а оваа амеба живее во реките, езерата и на изворите. Во базените ја нема, доколку содржат доволно ниво на хлор и доколку редовно се одржуваат. Најдобра заштита се чепчињата за нос.
– Кога амебата ќе дојде до мозокот, повеќе ништо не може да се направи. Забележан е само еден случај кога нападнатото лице успеало да преживее – наведува Тифани Гигер од локалниот завод за јавно здравство, која во својство на инспекторка покренала истрага за причините на смртта на малата Хали.
Стручњаците наведуваат дека нападот на оваа амеба е исклучително редок и дека во САД последните 50 години се забележани нешто повеќе од 100 случаи.
Амебата кај девојчето предизвикала примарен амебен менингоенцефалитис и, за жал, и немало спас. Родителите скршени од болка изјавиле дека Хали го обожавала спортот, а посебно пливањето, кошарката и скијањето.
Во знак на сеќавање на девојчето тие отвориле фондација чии пари ќе одат за школарина на девојчињата кои обожаваат спорт, но кои доаѓаат од посиромашни семејства.
Подготви: К. А.


