Занимливости

Вештачко срце првпат вградено на дете во Чешка

Во Чешка првпат е извршена операција на вградување на вештачко срце на дете, објави чешката телевизија „Нова“.

 

Лекарите од прашката болница Мотол” на 16-годишно момче кое имало сериозна вродена срцева мана му вградиле вештачка срцева пумпа, која ќе му помогне да живее додека чека трансплантација на биолошко срце од донатор.Овој вид на операција на вештачко срце претходно е извршена кај десетина возрасни Чеси кои чекале или чекаат трансплантација.

 

Самата операција е уникатна по тоа што целата направа е во телото, а не како претходно надвор од него.

 

– Сега помалку се задишувам и можам да совладам поголем физички напор – ги опиша момчето чувствата по операцијата.

 

Според раководителот на детскиот Кардиоцентар, доктор Јан Јаноушек, придобивките на вградената срцева пумпа се во тоа што момчето може да се движи и надвор од својот дом.

 

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button