Занимливости
Извлечени групите за женското ЕП во ракомет
Денеска во Загреб беа извлечени групите за првата фаза на Европското првенство во ракомет за жени, кое ќе се одржи во Хрватска и во Унгарија.
Европските шампионки, репрезентативките на Црна Гора, одбраната на титулата ќе ја започнат во Д групата, во конкуренција на Франција, Србија и Словачка.
Европското првенство ќе се одржува од 7-ми до 21-ви декември.
Група А (Ѓер): Унгарија, Шпанија, Русија, Полска;
Група Б (Дебрецин): Норвешка, Данска, Романија, Украина;
Група Ц (Вараждин): Шведска, Германија, Хрватска, Холандија;
Група Д (Осијек): Црна Гора, Франција, Србија, Словачка.