Занимливости
Ракометарите на 60 минути од Мундијалот во Катар
Машката ракометна репрезентација, во арената „Борис Трајковски“, ќе го одигра вториот бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Катар.

Македонија, во реваншот влегува со предност од два гола, остварена во Атина (27-25) и во Скопје само ќе треба да го потврди учеството на ракометниот Мундијал.
Избраниците на селекторот Обрван, кој натпреварот ќе го одигра со истиот тим кој победи во Атина, се максимално мотивирани, ветуваат победа и поправање на впечатокот од првиот натпревар, кога иако победија не импресионираа со играта.
Дуелот во Скопје ќе започне во 20 часот.