Металург во вториот, Вардар во петтиот шешир пред ждрепката за ЛШ
Ракометниот шампион Македонија, Металург, од вториот шешир ќе ги чека противниците во фазата по групи во Лигата на шампиони. Вториот македонски претставник, вицепрвакот Вардар, кој од ЕХФ доби вајлд карта за настап во елитното натпреварување на жрепката ќе биде сместен во петтиот шешир.

Металург, во новата сезона, во првата фаза, нема да може да се сретне со екипите на Колдинг, Цеље и Данкерк, додека заедно со Вардар во петтиот шешир се уште европскиот првак Фленсбург, Алборг и Пари Сен Жермен.
Извлекувањето на групите ќе се одржи во седиштето на ЕХФ, во Виена, на 27.јуни.
Шешир 1: Кил (Германија), Барселона (Шпанија), Веспрем (Унгарија), Килце (Полска)
Шешир 2: Колдинг (Данска), Металург (Македонија), Цеље (Словенија), Данкерк (Франција)
Шешир 3: Загреб КО (Хрватска), Чеховски Медведи (Русија), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Алингсас (Шве)
Шешир 4: Рајн-Некар Левен (Германија), Ла Риоха (Шпанија), Пик Сегед (Унгарија), Висла (Полска)
Шешир 5: Фленсбург (Германија), Алборг (Данска), Вардар (Македонија), ПСЖ (Франција)
Шешир 6: Монпелје (Франција), квалификант 1, квалификант 2, квалификант 3.
