Занимливости

Диња – Свежина и здравје во летните денови

Некои луѓе не го сакаат вкусот на дињата, некои пак едноставно го обожуваат, како и да е мораме да се сложиме во едно, дињата е совршена храна која нуди свежина и здравје за летните денови.

Дињата содржи голема количина на вода и минерали, ова е идеално за топлите летни денови, кога организмот е подложен на постојана дехидрација. За дињата и лубеницата се смета дека потекнува од Индија или Америка, а е ставена во групата на овошја. Дињата се употребува во исхраната во скоро сите земји во светот. Ја има во разни сорти ширум светот, а на пазарот можеме да ја најдеме во периодот мај-септември, што значи дека сезоната на дињата е ваќе започната.


Лековити состојки – Дињата е растение кое спаѓа во групата ниско калорични намирници, како што веќе кажавме содржи многу вода и минерали, но содржи и многу други состојки што ја ставаат дињата во категоријата овошја со голема лековите моќ. Еве кои се најважните состојки кои ги содржи дињата:


■ бета каротен, растителни влакна, растителни масти

■ Витамин, А, Б, Е, Ц, железо

■ етерични масла

■ калциум, калиум, магнезиум, натриум, манган, селен, цинк

■ органски киселини

■ пантотенска киселина

■ сулфур, фосфор и др.


Во исхраната се користи плодот од дињата, но од дињата може да се направи и сок, кој е навистина здрав и делотворен особено во летните денови.


Лековити својства – Како што веќе споменавме, дињата е навистина лековито растение, а еве кои се нејзините лековити својства:


■ Акни, алергии, анемии

■ Главоболка, дијабетес, импотенсија

■ Проблеми со: крвен притисок, метаболизам, црева, простата

■ Хемороиди, стрес, скорбут, синузитис

■ Проблеми со тироидната желзда и др.


Дињата е плод кој навистина ви е потребен во летните денови. Таа навистина може да ве освежи, а воедно и на вашиот организам да му даде се што му е потребно за целиот ден. Консумирајте диња секогаш кога можете, бидејќи навистина таа има многу што да ви понуди.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button