Контрацепцијата во иднина – чип наместо антибеби пилули
Контрацепцијата во иднина – чип наместо антибеби пилули
Идејата на новиот проект, кој го финансира фондацијата на сопственикот на Мајкрософт и неговата сопруга, е сите антибеби пилули да бидат заменети со чип кој ќе трае 16 години, пренесува еден француски портал.

Овој микрочип се планира да има димензии 20x20x7 милиметри, а кога еднаш ќе се постави во организмот ќе биде способен да испушта одредена доза хормони кои ќе траат со години.
Првенствената примена на овој вид микрочип е да ја контролира бременоста, но не и преносливите болести и инфекции.
Идејата на истражувачите е оваа пилула да испушта контрацепциони хормони во крвотокот во текот на 16 години, се додека нејзиното дејство не прекине со сигнал испратен по безжичен пат.
Проектот ќе почне да се тестира во текот на 2015 година, а пилулата би требало да се појави на пазарот во 2018 година.
Знаеме дека ништо не е вечно, па и нашето размислување и навики нормално е да се менуваат. Некои раб…
Моментот кога те остава девојката после толку години и си заминува. На прв поглед си изненаден, а вс…
Адриана Лима, Карли Клос, Лили Олдриџ – жени синоними за совршена убавина. Но, и нивните посилни пол…
