Четири работи што предизвикуваат непријатен мирис од устата
(Фото:wikihow.com) Алкохол – Во овој случај не се мисли на „алкохолен здив“ бидејќи сте излегле со пријателите и сте испиле некоја чашка повеќе.
– Покрај тоа што е лош за мозокот и за телото, алкохолот лошо влојае и на здивот од устата бидејќи го попречува производството на плунка – објаснува стоматологот Џесика Емери.
(Фото: Фејсбук)
Имено, плунката е полна со природни ензими што ги разградуваат и ги испираат смрдливите бактерии. Поради тоа една голтка алкохол повеќе може да го влоши здивот.
Гуми за џвакање со вкус на пеперминт – Многумина посегнуваат токму по гумите за џвакање со вкус на пеперминт за да го прикријат непријатниот мирис од устата. Но, од тоа имаат повеќе штета одошто корист. Поголемиот дел од овие гуми за џвакање содржат шеќер кој е храна за бактериите, а и испуштаат штетни состојки од сумпор, објаснува Емери. Доколку сте во недоумица и ви треба брзо решение, тогаш избирајте производи кои не содржат никакви шеќери.

– Не заборавајте дека и со нив само на кратко го маскирате лошиот здив, но барем нема да ви наштетат – додава стоматологот Емери.
Месо – Ако јадете месо во умерени количини не треба да се грижите за тоа дека ќе имате непријатен мирис на здивот. Меѓутоа, ако внесувате премногу протеини во организмот, тогаш би можело да се јави проблем. Кога телото ќе добие повеќе протеини одошто му е потребно, тоа веднаш ги претвора во јаглехидрати за да добие енергија.
(Фото: Foter)
Дополнително, еден од нуспроизводите на тој процес е амонијакот кој може да испарува низ устата и да го прави вашиот здив неподнослив.
Сушено овошје – Сушеното овошје не само што е преполно со шеќери кои се погодни за развој на бактерии туку и изобилува со нетопиви влакна на целулоза кои остануваат заглавени помеѓу забите и насобираат шеќери.
(Фото: wikimedia.org)
Емери советува доколку не можете без сушено овошје, на пример за ужина, тогаш задолжително користете забен конец за да ги отстраните влканта пред да насоберат бактерии.
(Телеграф.мк/Извор:Порталоко.хр)
