МАГИЧНИ НАМИРНИЦИ: Ги имате во фрижидерот, а лекуваат изгореници од сонцето
(Фото: Foter) На плажа во лето многу е лесно да се изгуби осет за време, па и да се заборави дополнително да се заштити кожата за да не изгори. За среќа, заштитата од изгореници добиени од сончање се наоѓа во вашиот фрижидер. Ви пренесуваме список на намирници кои ќе ги ублажат изгорениците и ќе ја намалат болката.
КОМПИР
Не е идеално решение ако се обидувате да ослабнете, но нека ви биде при рака како заштита од изгореници. Компирот содржи скроб и токму скробот е состојката која ќе ви помогне ако изгорете сончајќи се.
(Фото:.nicegarlic.com)
Исечкајте го компирот на мали парчиња и протријте го на кожата. Можете и да го изрендате и да го искористите како облога.
ОВЕСНА КАША
Доколку целото тело ви изгорело, овесните снегулки се најдобар лек за да ги намалите болката и црвенилото.
(Фото:lebensmittel-warenkunde.de)
Сомелете шолја овесни снегулки и додајте ги во бањата што сте ја спремиле. Овесните снегулки ставете ги во газа или прелејте ги со ладна вода, па користете ги како облоги на секои два до четири часа.
ЗЕЛЕН ЧАЈ
Катехинот кој го содржи зелениот чај е одличен за заштита од штетните сончеви зрачења. Танинската киселина помага за смирувањето на болните изгореници. Истражувањата покажуваат дека со само две чаши зелен чај дневно може да се добие дополнителна заштита од сонцето. Сепак, треба да се земе предвид дека зелениот чај не може да биде единствена заштита од сонцето.
(ФОТО: Freedigitalphotos.net)
Доколку сте добиле изгореници на лицето, потопете две вреќички зелен чај во ладна вода и ставете ги на изгорениците. Танинската киселина ќе ја намали болката.
ЈАГОДИ
Изгмечете неколку зрели јагоди за да добиете каша и намачкајте ја врз изгорениците. По неколку минути измијте ги местата. Танинот кој се содржи во јагодите ќе ја намали болката.
берба јагоди (Фото: ЕПА)
КРАСТАВИЦИ
Оваа намирница може да понуди заштита речиси како и производите за сончање, и тоа без дополнителните штетни конзерванси.
(Фото: Foter)
Ако сте изгореле на сонцето, згмечете ја краставицата и нанесете ја на кожата.
ОЦЕТ
Оцетот дејствува противвоспалително. Доколку кожата ви поцрвенее, натапкајте малку дестилиран бел оцет врз изгорениците за да ја ублажите болката, но само доколку на изгорениците не се создале меури. Ако има меури, оцетот не е решение за болката!
фото:Телеграф.рс
НЕВЕН
Оваа билка има силни противвоспалителни својства и е одлична за лекување на изгорениците.
(Фото: wikimedia.org)
Направете облога од цветот на невенот и ставете ја на оштетената кожа за да се забрза процесот на закрепнување на кожата.
ЗЕЛЕНА САЛАТА
Зелена салата (Фото: Foter)
Зовријте ја во вода, исцедете ја и оставете ја добро да се олади во фрижидер. Потоа, со салатата нежно поминувајте врз надразнетата кожа.
(Телеграф.мк)