Занимливости

Многу секс – подобро здравје?

Два пати неделно

Оние кои во сексот уживаат барем два пати во неделата имаат за 30 проценти повисоко ниво на имуноглобулин, кој на организмот му помага да се одбрани од болести, покажуваат американски истражувањеа. Ако имате редовен секс, имунитетот ви е посилен, па помали се шансите да закачите некоја инфекција.

Три пати неделно

Многу е позабавна акцијата во креветот, или каде веќе претпочитате, со некого кого сакате, одошто да имате секс со него во теретана, зарем не? Сексот го подигнува бројот на отчукувањата на срцето и ја забрзува циркулацијата на крвта. Оние кои во сексот уживаат најмалку три пати неделно изложени се на двојно помалку ризик од инфаркт од оние кои немаат среќа да имаат три пати неделно секс, покажува студијата на научниците од Универзиетот во Бристол.

(Фото:8tracks.com)

(Фото:8tracks.com)

Четири пати неделно

Секс четири пати неделно ќе направи чудо за вашиот тен. Ако често сте „зафатени“ во спалната соба, подолго ќе останете малдолики. Во текот на сексот се зголемува производството на колаген, а кој спречува појава на брчки и пеги на кожата, велат лекари од Кралската болница во Единбург која се бави со истражувања на оваа тема.

Квалитетниот сексуален живот помага да имаме блескав тен и сјајна коса бидејќи во текот на сексот се забрзува циркулацијата на крвта. Со самото тоа, кожата добива повеќе кислород и изгледа посвежо. Исто така, забрзаната циркулација поттикнува ослободување на токсини и ги прави усните да делуваат пополни.

(Фото: Elephantjournal.com)

(Фото: Elephantjournal.com)

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button